еМагазин
Image default
Локално

Трагедија во Скопје: Почина жена, а тешко е повредено тригодишно девојче

На 17.09.2018 година околу 20,05 часот во Секторот за внатрешни Скопје било пријавено дека на булевар „Србија“ товарно моторно возило „Пежо Партнер“ со велешки регистерски ознаки управувано од П.Т.(40) од Велес удрилo во пешаците В.Т.(61) и тригодишно девојче од Скопје, информира МВР.

Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во 22,45 часот В.Т. им подлегнала на повредите. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Блокадите од утре се „селат“ само пред бараките на Град Скопје

Редакција

Возач на ЈСП нападнал патник

Редакција

Три лица добија по 30 дена притвор за полов напад врз дете

Редакција