еМагазин
Image default
Свет

Трамп криел плаќања на странски влади кон неговиот хотел во Вашингтон

Компаниите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обидоа да скријат исплати од повеќе милиони долари од странски влади кон неговиот непрофитен хотел во центарот на Вашингтон, заклучи Комитетот за надзор и реформи на Претставничкиот дом.

Одборот за надзор и реформи, контролиран од демократите, истакна дека деловните книги на хотелот укажуваат на „загрижувачки“ прашања за хотелот „Трамп Интернешнл“, сместен во историска зграда изнајмена од Организацијата Трамп од федералната влада.

Хотелот беше популарно место за собирање на поддржувачите на Трамп и странските претставници за време на претседателскиот мандат на Трамп.

Според тој комитет, Трамп објави дека хотелот заработил повеќе од 150 милиони долари додека бил претседател, а всушност загубил повеќе од 70 милиони долари.

Одборот откри дека хотелот добил повеќе од 3,7 милиони долари од странски влади, што може да плати за приближно 7.400 хотелски ноќи, потенцијално конфликт на интереси.

Уставот на САД им забранува на претседателите да добиваат пари или „компензација“ од други држави.

Комитетот исто така тврди дека Трамп префрлил милиони долари на различни компании, со што ја отежнала работата на Управата за општи услуги (General Service Administration), која треба да спроведе прописи според кои Трамп не може да има право на профти од хотели.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одговор „тежок и во корист на Русија“: Захарова со закани кон земјите кои протераа руски дипломати

Редакција

Вакцината против Ковид-19 не влијае врз плодноста кај мажите, вели експертка од Кралскиот колеџ во Лондон

Редакција

Русија утре ја прекинува испораката на гас за Финска

Редакција