еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Трамп се збогува: Довидување и благодарам, се гледаме наскоро

Сега веќе поранешниот американски претседател Доналд Трамп им порача на присутните во воената база Ендруз дека ќе се врати на некаков начин и секогаш ќе се бори за нив.

Тој во базата, која кратко ја посетил пред да замине на Флорида, им порачал на граѓаните на САД дека се неверојатен народ, дека САД е голема земја и му претставувало чест што бил претседател.

– Ќе следам и секогаш ќе се борам за вас. Ќе слушам и ќе ви кажам дека иднината на оваа земја никогаш не била подобра. Довидување, ви благодарам и ќе се вратам на некаков начин, им порача Трамп на присутните.

Тој му се заблагодари на семејството и истовремено и посака на администрацијата се најдобро.

– Мислам дека ќе бидат успешни, имаат причина да направат нешто спектакуларно, нагласи Трамп.

На крајот од говорот, тој им посака на присутните добар живот и им порача: „Се гледаме наскоро“.

Потоа се поздрави со присутните членови на семејството и држејќи се за рака со својата сопруга Меланија Трамп влезе во воениот хеликоптер на пат кон Флорида.

МИА/Фото: Фејсбук/Трамп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само платени руски ботови и некои политичари се против уставните измени, вели Ковачевски

Редакција

Од „Беса транс“ демантираат дека во автобусот што изгоре во Бугарија се шверцувала нафта или пиротехника

Редакција

Портокалово ниво на опасност: Денеска и утре температури и над 40 степени

Редакција