еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Трамп трајно блокиран на „Твитер“: Пораките што ги пишувал го мобилизирале народот за насилствата во Конгресот

Социјалната мрежа „Твитер“ синоќа соопшти дека итно и засекогаш го блокира Твитер-налогот на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Компанијата смета дека актуелниот претседател ги нарушил политиките на социјалната мрежа против величење на насилството и дека постои ризик тоа да се повтори. Според неа, одлуката да се блокира налогот е донесена поради „ужасните настани оваа недела“.

„По внимателна проверка на последните твитови од @realDonaldTrump, и контекстот околу нив, посебно како тие беа прифатени и интерпретирани на „Твитер“ и надвор од него, ние засекогаш ја запираме работата на тој налог поради ризик од натамошно провоцирање насилство“, се вели во соопштението.

Понатаму, се додава дека „после ужасните настани неделава во среда, компанијата потенцираше дека нови нарушувања на правилата на „Твитер“ може да станат причина за преземање вакви постапки“.

Компанијата исто така објави резултати од анализа на последните два твита на претседателот и реакциите што тие ги оставиле кај некој корисници, според која „пораките можат да станат причина насилничките чинови во Капитолот на САД на 6 јануари 2021 година да предизвикаат мобилизација кај разни публики и да бидат повторени… затоа е донесена одлука за итно и постојано укинување на услугата“.

Трамп праќаше десетици твитови секојдневно, а во текот на претседателството објави повеќе од 26.000 пораки испратени до своите над 88 милиони следачи.

Претседателот веднаш реагираше на одлуката на „Твитер“. Во соопштение по овој повод тој истакна дека мрежата сака да го замолчи. Изјави дека преговарал со други веб страни и вети „големи објави наскоро“, како и тоа дека работи на изградба на „наша платформа“.

-Твитер не е за слободата на говорот. Тие работат за промоција на платформата на радикалната левица и дозволуваат слободно изразување на некои од најзлите луѓе во светот, истакна Трамп.

Соопшти и дека се обидел да го искористи официјалниот налог на претседателот на САД, но дека Твитер веднаш ги бришел и тие твитови. Подоцна беше блокиран и налогот на изборната кампања на Трамп.

Завчера, и Фејсбук го блокираше на неодредено време налогот на Трамп, а тоа го направија и други социјални платфирми како Снапчат, Јутјуб, Твич и Редит.

Твитер денеска објави дека отстранува налози чии сопственици шират содржини поврзани со радикалните десничарски групи како онаа на теориите на заговор QAnon (КјуЕјнон).

Некои од тие налози се на Мајкл Флин, поранешен советник на претседателот, и на адвокатот Синди Пауел. Од Твитер прецизираа дека овие налози продуцираат содржини кои можат да иницираат нови изблици на насилство.

Во нападот на Конгресот учествува и многу демонстранти кои носеа симболики на QАnon.

Пет лица ги изгубија животите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Трамп го осуди насилниот упад во Конгресот на САД и конечно ја призна победата на Бајден

Петта жртва: Полицаец им подлегна на повредите по немирите во американскиот Конгрес

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија не е веќе изземена од алатката за контрола на извоз на вакцини од ЕУ

Редакција

Нови 129 случаи на Ковид-19 од 854 тестирања

Редакција

Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка, тврди Маричиќ

Редакција