еМагазин
Image default
Македонија

„Транспаренси Интернешнл“- Македонија и Унгарија: Унгарските власти мора да го екстрадираат поранешниот македонски премиер

По издавањето меѓународна потерница за апсење на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, „Трансперенси Интернешнл“ и ограноците во Македонија и Унгарија, ги повикуваат унгарските власти да го екстрадираат Груевски од Унгарија, каде што тој моментално бара азил во обид да избегне затворање по осуда за корупција за која не постои основ за жалба.

„Оваа ситуација е голем тест за македонските и унгарските власти и треба да се реши во согласност со унгарскиот закон. Ги повикуваме унгарските власти да се придржуваат до принципот за немање неказнивост, како што е наведено во Европската Конвенција за Екстрадиција“, рече Слаѓана Тасева, претседател на „Транспаренси Интернешнл“-Македонија.

Во соопштението на „Трансперенси Интернешнл“- Македонија се наведува дека, во мај 2018 година, Груевски, кој бил премиер десет години помеѓу 2006 и 2016 година, беше осуден на две години затвор за незаконско влијание на државни претставници за купување на луксузен автомобил. Македонскиот суд го прогласил Груевски за виновен според член 359 став 2 од Кривичниот Законик.

„За време на истрагата и судењето, на Груевски му беше одземен пасошот од страна на судот. Поради четири дополнителни тековни случаи на корупција, во кои е вмешан и поранешниот премиер, судот бараше од него. секој петок да се јавува до судските службеници/полициските службеници. Тоа беше така сè до минатата недела, кога тој мистериозно исчезна од државата“, се вели во соопштението.

Патриша Мореира, директор на „Транспаренси Интернешнл“ изјави дека двете држави треба да постапат во согласност со владеењето на правото и Никола Груевски мора да покаже одговорност пред граѓаните на Македонија за неговите корумпирани дела за време на неговото време како премиер.

„На ниту еден политичар не треба да му биде дозволено да се извлече од обвиненијата за корупција, особено откако судовите јасно одлучиле во корист на пресудата“, изјави Мореира.

Случаите на Груевски ги води Специјалното јавно обвинителство, кое беше формирано во 2015 година по нелегалното прислушкување на повеќе од 20.000 лица, вклучително и новинари и активисти од граѓанското општество.

„Унгарските власти треба да постапат според европските и меѓународните судски прописи и стандарди. Откако еден политичар ќе биде осуден од независен суд, ниту една од владите не треба да им обезбеди план за бегство и неказнивост“, вели Јозеф Петер Мартин, извршен директор на Транспаренси Интернешнл-Унгарија.

Според завршените истраги и обвиненија од страна на Специјалното јавно обвинителство, во периодот кога Груевски бил премиер, заедно со неговите соработници пренасочиле стотици милиони евра од јавниот буџет од народот на Македонија.

„Транспаренси Интернешнл“ и нејзините ограноци во Македонија и Унгарија ги повикуваат унгарските власти да ја исполнат својата посветеност на меѓународната правда со екстрадирање на поранешниот премиер, со цел Груевски да се соочи со правдата за своите корумпирани дела.

Фото: Груевски/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е пасаван, со кој според Вучиќ, Груевски избега до Унгарија

Што пишува во барањето на Министерство за правда за екстрадиција на Никола Груевски

Унгарско МНР: Груевски сите граници ги премина легално

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот тим очекува средбата со македонските историчари да даде резултат

Редакција

Предвремени избори ќе нема, техничката влада треба да се укине, но со консензус, велат од ДУИ

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 28 лица, а 369 не носеле маска

Редакција