еМагазин
Image default
Балкан

Трендови во комуникациите за активни граѓани

Долгоочекуваната конференција „PRaćka“ („чатал“ на српски) се одржа во Белград на 20-21 април 2022 година. Конференцијата имаше за цел да им помогне на граѓанските организации низ Западен Балкан да ги зајакнат своите способности за комуникација со граѓаните, и е во организација на Граѓански иницијативи, српска невладина организација, со поддршка на проектот EU ТАКСО 3 на ЕУ.

Зошто оваа конференција?

Граѓанските организации играат важна улога во сите наши општества. Тие обезбедуваат основни услуги за граѓаните каде што јавните услуги не можат да стигнат. Тие помагаат да се надгледуваат владините политики и дејствија и бараат одговорност. Тие се ангажираат во активизам и нудат алтернативни политики и регулативи засновани на докази.

Нивната работа никогаш не била лесна. Нив ги попречуваат многу ограничувања како што се физички и вербални напади, неоправдани медиумски критики и намалување на извори на финансирање.

Клучен предизвик за нив е да ја направат својата работа повидлива за јавноста, што ќе им помогне да мобилизираат поголема поддршка и да привлечат волонтери. Покрај тоа, пандемијата на Ковид-19 доведе до намалување на видливоста за многу граѓански организации.

По пауза од две години, конференцијата PRaćka се враќа на сцена и се одржува по петти пат.

Организациите од регионот разговараа за стратегии и решенија за предизвиците, за креирање на ефективни комуникациски планови и учеа нови комуникациски вештини како што се раскажување приказни и воспоставување на релации со медиумите како и креирање на комуникација и канали за да се поврзат со младата генерација преку TikTok и Podcast-и.

Конференцијата PRaćka оваа година е за прв пат регионална и обединува еминентни говорници и професионалци од граѓански организации од Србија, Северна Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Горан Игиќ од Северна Македонија го претстави проектот „Види Вака“ како пример за начин да се претстават инспиративни приказни од социјалното опкружување, на сопствен канал.

Горан Ризаов, медиски директор во Фондацијата Метаморфозис од Северна Македонија, еден од панелистите, изјави дека на граѓанското општество му требаат информации како да комуницира со јавноста за да се зголеми видливоста, бидејќи активностите на организациите се од витално значење за нашето општество.

„PRaćka” е единствената конференција во регионот посветена на односите со јавноста и комуникациите во непрофитниот сектор. Името (чатал за рачно гаѓање) е инспирирано од приказната за Давид и Голијат, водена од желбата да се привлече вниманието на тоа колку малите, но смртоносни оружја можат да бидат корисни во борбата против големите проблеми.

НВО „Граѓански иницијативи” и проектот ЕУ ТАКСО ја организираат конференцијата како настан на ЕУ – и дел од програмата „Од луѓето за луѓето“ (People2People). За прв пат има регионален карактер и ќе обезбеди можност за проширување на размената на знаења и искуства меѓу учесниците во трендови, нови алатки и технологии во комуникацијата.

ЕУ ТАКСО 3 проектот пружа техничка помош за граѓанските организации во Западен Балкан и Турција. (ТАКСО) е регионален проект финансиран од Европската Унија (ЕУ) кој работи за подобрување на капацитетите и зајакнување на улогата на граѓанските организации (ГО).

Проектот им помага на ГО активно да учествуваат во демократските процеси во регионот, а исто така стимулира поволна средина за граѓанското општество и плуралистички развој на медиумите.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во серија инциденти: Во Загреб поради Македонија нападнати бугарски државјани

Редакција

(Видео) Потоп во Белград: Невреме ги претвори улиците во реки

Редакција

Фабрика за мебел го направи Врање ново жариште на коронавирусот во Србија

Редакција