еМагазин
Image default
Бизнис

Трговскиот спор меѓу САД и Кина може да прерасне во светска војна

Претседателот на кинеската компанија кој се занимава со транспорт на енергенти (ЦМЕС) Сје Чунлин, вели дека Кина целосно го спречила увозот на сирова нафта од САД. Вашингтон и Пекинг си воведоа царини на увоз на повеќе стотина производи.

Кина беше втор најголем купувач на американската нафта.

„Ние сме од најголемите превозници на сирова нафта од САД во Кина. Претходно имавме добра работа, но сега таа е целосно прекината“ рекол Сје.

Тој со жалење констатирал дека се случила трговска војна меѓу САД и Кина и дека не е добро за превозниците на енергенти. Трговскиот спор, како што додал, ја принудува Кина да побара соја надвор од САД, така што Пекинг сега купува најмногу соја од Јужна Америка.

Искуствата покажуваат дека кога се спречува слободната трговија земјите во светот влегуваат во вооружени конфликти, што во случајот на САД и Кина лесно може да прерасне во нова светска војна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски телеком доминира на пазарот на Интернет со широк опсег

Редакција

Со пари на граѓаните, подмирен речиси половина од долгот за струја на Железници Транспорт

Редакција

Резултатите од првиот квартал покажуваат силна прилагодена профитабилност на Окта

Редакција