На 05.11.2019 околу 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“, кај место викано „Јурија“, настанал пожар во контејнер за смет, a од огнот делумно биле оштетени и две возила „нисан микра“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(45) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(29) од Скопје, информира МВР.
Истиот ден околу 05.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во контејнери за смет, а од огнот било делумно оштетено патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки.
Извршен е увид за двата случаи.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.