еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Три компании од Скопје и една од Тетово ја зголемиле цената: Поскапен еден тип на леб

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ја информира јавноста дека промената на цената на лебот се однесува на еден тип на леб и корекцијата ја имаат направено три компании производители на леб од Скопје и една компанија од Тетово, како поединечна одлука на фирмите. До овој момент големите фирми не ја имаат зголемено цената на лебот.

„Сите останати информации се груби манипулации со јавноста. Доколку дојде до драстично зголемување на цените и на другите типови на леб, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард, МЗШВ веднаш ќе интервенира преку Агенцијата за стокови резери, која што по жетвата направи јавна набавка од 13.000 тони пченица. На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот“, соопштуваат од МЗШВ.

Од таму додаваат дека пченицата е берзански производ и цената ја диктира светската берза.

„Лани и оваа година поради климатските промени имаше помали приноси, што во опкружувањето предизвика недостиг на пченица и зголемување на цената на пченицата и на брашното, што може да е една од причините поради која што неколку компании донесоа одлука за зголемување на цената на еден тип на леб од 15 на 18 денари“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лебот поскапе за три денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И без промена на цената на струјата, со зголемување на ДДВ-то ќе се зголеми трошокот кај домаќинствата, вели Бислимоски

Редакција

Топ пет најниски плати

Редакција

Производителите на храна ќе добијат субвенции ако ги намалат или не ги зголемуваат цените

Редакција