еМагазин
Image default
Македонија

Три случаи на непочитување на самоизолацијата во Струмица и Тетово, четири се проверуваат во Скопје

Министерството за внатрешни работи регистрира три случаи на непочитување на мерката за самоизолација на лица во Тетово и Струмица, а четири случаи се проверуваат во Скопје.

Ова го соопшти минитерот за внатрешни работи Наќе Чулев, денеска на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.

На територија на Секторот за внатрешни работи Струмица има две пријави за непочитување на мерката за самоизолација, на територија на СВР Тетово една и во моментов се проверуваат четири случаи во Скопје. Во комуникација сме со јавното обвинтителство за процесиурање на овие пријави, изјави министерот Чулев.

Апелираше до граѓаните да ја почитуваат препoраката за самоизлолација. Нема пријави дека препораките не ги почитуваат оние кои дошле од Северна Италија и апелираше да се пријави доколку се забележи непочитување, преку емаил или телефонски.

Тој информираше дека на територија на Секторот за внатрешни работи на Скопје има 173 лица во самоизолација кои ги проверуваат припадниците на полицијата, на територија на Битола 13 лица, Тетово 16 лица, Охрид 82 лица, Струмица 12 лица, Куманово шест лица и Штип осум лица.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот покажа колку сме себични

(ВИДЕО) Секоја чест за Jennifer Haller, која волонтираше прва на нејзе да се тестира потенцијалната вакцина за корона вирусот

140 лица потпишале изјави за самоизолација, ако не се самоизолират кривично ќе одговарат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Матичните лекари добиле писмо од Министерство за здравство да ги повикаат своите невакцинирани пациенти

Редакција

Освен Фрчкоска, Јанева ќе ја застапува уште еден адвокат

Редакција

Судење за „27 април„: Обвинетиот Пешов вели дека МВР немала план за справување доколку толпата влезе во Собранието

Редакција