еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Три златни медали и две специјални награди за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на „Мундус Вини“ во Германија

На најголемиот и најпрестижен германски вински натпревар „Мундус Вини“, вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ беа наградени со три златни медали, при што едно од нив освои и голем златен медал (Grand Gold), информираат од компанијата.

На ова пролетно издание на „Мундус Вини“ наградени беа црвеното „Terrasse à L’Ombre“ од бербата 2018-та, кое освои голем златен медал (Grand Gold), признание кое се доделува само на најквалитетните вина, оценети со исклучително висок број на бодови.

Истото вино беше прогласено и за најдобро вино од долината на реката Рона, познатиот француски вински регион.

Златни медали освоија и црвеното „Domaine Barovo“ од бербата 2018-та, кое воедно беше прогласено и за најдобро вино од Македонија, како и белото „Domaine Barovo“ од бербата 2020-та, а „Domaine Lepovo Chardonnay“ од бербата 2019-та, освои сребрен медал.

Ова исклучително достигнување е постигнато во конкуренција со 7.300 вина од вкупно 39 држави.

„Мундус Вини“ е еден од најпрестижните светски вински натпревари кој се одржува два пати годишно, во пролетна и есенска сесија. Вината се оценуваат од меѓународно жири составено од врвни енолози, винари, стручни новинари и сомелиери.

Оценувањето на вината се одвива „на слепо“, што значи дека жирито нема информации за карактеристиките или брендот на виното кое го дегустира.

Винарската визба „Тиквеш“ е најнаградуваната винарница во поширокиот регион. Во текот на 2020-та година вината на „Tikveš“ и „Tikveš Châteaux&Domaines“ освоија 130 награди и признанија на реномирани меѓународни вински натпревари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Модна писта во Милано со Lisca за позитивна слика на телото

Редакција

Доделен е и четвртиот од петте стана на инстант лозот „Доме сладок доме“

Редакција

Над 1 милион евра е премијата на Лото 7 на Државна лотарија, највисока сума што може да се освои во земјава

Редакција