Лидерот на “Има таков народ“ (ИТН), која ја напушти бугарската Влада, Слави Трифонов потврди дека дел од неговите пратеници ќе го напуштат.
Тој не наведе дали станува збор за осум или седум пратеници, како што се шпекулира во бугарските медиуми, и го обвини премиерот Кирил Петков дека ги купил.
„Штотуку добив информација дека пратеници од ИТН ќе ја напуштат нашата пратеничка група и ќе ги поддржат Кирил Петков и Асен Василев. Најверојатно се купени со пари и функции.
Ќе се види кој што ќе стане. Не мора да бидам гатачка за да знам дека ќе кажат многу лаги и измислици во стилот на Кирил и Асен само за да ги оправдаат своите постапки и да ја смират грижата на својата совест.
Но, предавството е предавство и никој не ги сака предавниците. Дури и оние што имаат корист од нив“, стои меѓудругото во неговиот статус на Фејсбук.
Што ќе се случи ќе биде појасно вечерва, по состанокот на Трифонов со неговите пратеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратеници ја напуштаат “Има таков народ“ која излезе од бугарската Влада
Уште двајца министри поради Македонија го напуштаат кабинетот на Петков
Фото: Трифонов/Фејсбук