еМагазин
Image default
Бизнис

Tриглав осигурување со раст на добивката

Tриглав Осигурување АД Скопје заклучно со 30.09.2023 година оствари нето добивка од работењето во износ од 68,6 милиони денари, што претставува раст од 32,3 милиони денари во однос на 2022 година, информираат од таму преку Македонската берза.

-Нето приходите од премија за 2023 година изнесуваат 822 милиони денари, кое што претставува зголемување во однос на 2022 година за 6.6%, односно за 51 милиони денари.

Гледано аналитички, причините за растот се: падот на бруто премијата за 71,9 милиони денари, што делуваше негативно на нето приходите од премијата, падот на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 58,2 милиони денари, што делуваше позитивно на нето премијата, промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2022 година, влијаеше позитивно за 64,4 милиони денари.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 42,1 милиони денари и се за 4.6% пониски од 2022 година, поради тоа што во 2022 имавме вонреден приход од наплата од 9,9 милиони денари на стар заем, кој беше целосно под исправка.

89% од приходите се однесуваат на камати, а 3% се однесуваат на приходи од наемнини.

Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од реализирани капитални добивки и позитивни курсни разлики на финансиските вложувања во странски валути.

Приходите по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 70,4 милиони денари и се пониски за 7.9% во однос на 2022 година, во согласност со пониската премија предадена во реосигурување.

Oстанатите осигурителни приходи се во рамки на минатата година, додека останатите приходи се пониски за 1,5 милиони денари во однос на 2022 година, односно за 13,3%. Разликата е поради тоа што во 2022 година Друштвото имаше остварено капитална добивка од 2 милиони денари од продажба на основни средства (возила), велат од таму.

Нето расходите за штети се во износ од 393 милиони денари и се за 30,7 милиони денари (7%) пониски од минатата година.

-Гледано аналитички, причините за падот се: раст на бруто ликвидираните штети за 9,4 милиони денари, што делуваше негативно на нето раходите за штети, раст на бруто ликвидираните штети под реосигурување за 6,8 милиони денари, што делуваше позитивна на нето раходите за штети, промената во нето резервите за штети во споредба со 2022 година, влијаеше позитивно за 37,2 милиони денари.

Останатите технички резерви се за 12,4 милиони денари, зголемени поради зголемените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода)

Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 23,4 милиони денари и се за 2 милиони денари пониски од 2022 година, воглавно поради помалиот износ на попусти во класа 3 (каско – моторни возила) за околу 2,5 милиони денари.

Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2023 година изнесуваат 376 милиони денари, што претставува раст од 16% или 50,8 милиони денари во однос на истиот период претходната година.

Најголемо влијание за растот имаше позицијата „одложени трошоци за стекнување“, а кои во 2022 година имаа значително позитивен ефект на трошоците поради промена во методологијата за пресметка (сметководствена проценка).

Трошоци од вложувања се минимални (износ од 0,3 милиони денари ).

Останати осигурително технички трошоци се во износ од 45,5 милиони денари и ова претставува пад од 6% (2,9 милиони денари), а најголемо намалување има кај штетите за непознати и неосигурени возила (Гарантен фонд).

Вредносно усогласување на побарувањата е намалено за 10,0 милиони денари, за разлика од минатата година кога беше забележано зголемување на исправката од 10,5 милиони денари. Кон намалување на исправката влијаеше подобрената наплата кај правните, како и кај физичките лица.

Дополнително, имавме наплата и од неколку поголеми клиенти за премија реализирана во претходните години, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓе Војновиќ реизбран за главен извршен директор на Триглав осигурување

Tриглав Осигурување во првиот квартал со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Непродадени 6.436 нови станови, се градат уште 12.902

Редакција

(Видео) Со официјална церемонија пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип

Редакција

Народна банка: Во ноември депозитите поголеми за 8,1, а кредитирањето за 7,7%

Редакција