еМагазин
Image default
Бизнис

Tриглав Осигурување во првиот квартал со добивка

Tриглав Осигурување АД Скопје заклучно со 31.03.2023 година оствари нето добивка од работењето во износ од 120 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза. 

-Нето приходите од премија за 2023 година изнесуваат 279 милиони денари, кое што претставува зголемување во однос на 2022 година за 14,2%, односно за 34,7 милиони денари.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 13,6 милиони денари и се за 17,1% повисоки од 2022 година, генерално поради растот на општите каматни стапки на пазарите. 87% од овие приходи се однесуваат на камати, а 3% се однесуваат на приходи од наемнини.

Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од позитивни курсни разлики на финансиските вложувања во странски валути.

Приходите по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 23 милиони денари и се повисоки за 2 милиони денари, односно за 9,4% во однос на 2022 година, во согласност со растот на премија предадена во реосигурување.

Oстанатите осигурителни приходи, како и останатите приходи се минимално зголемени во однос на 2022 година, односно вкупно за 0,8 милиони денари.

Нето расходите за штети се во износ од 149 милиони денари и се за 21,7 милиони денари (17%) повисоки од минатата година.

Останатите технички резерви се за 12,9 милиони МКД зголемени поради зголемените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода).

Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 7,6 милиони денари и се на истото ниво како и минатата година, a каде што најголем износ на попусти (3 милиони денари) отпаѓа на осигурување на моторни возила.

Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2023 година изнесуваат 106,7 милиони денари, што претставува раст од 39% или 30,1 милиони денари во однос на истиот период претходната година, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Tриглав Осигурување со зголемена добивка во првите девет месеци

Триглав осигурување лани со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕВН Македонија избран за Универзален снабдувач со електрична енергија

Редакција

Компаниите од Македонија на удар: Германските производители на автомобили стопираат со производството

Редакција

Просечната плата се искачи на 25.435 денари: За еден месец пораст од 308 денари

Редакција