еМагазин
Image default
Бизнис

Tриглав Осигурување со зголемена добивка во првите девет месеци

Tриглав Осигурување АД Скопје заклучно со 30.09.2022 година оствари нето добивка од работењето во износ од 36.312 илјади денари, што е за 5.145 илјади денари повисока од истиот период минатата година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

-Нето приходите од премија за 2022 година изнесуваат 771.851 илјади денари, што претставува зголемување во однос на 2021 година за 17,4%, односно за 114.197 илјади денари.

Гледано аналитички, причините за растот се: раст на бруто премијата за 180.090 илјади денари, што делуваше позитивно на нето приходите од премијата, раст на премијата предадена во реосигурување и соосигурување за 42.293 илјади денари, што делуваше негативно на нето премијата, промената во нето резервите за преносна премија, во споредба со 2021 година, влијаеше негативно за 23.601 илјади денари.

Приходите од финансиски вложувања изнесуваат 44.259 илјади денари и се за 8,7% повисоки од 2021 година. 67% од овие приходи се однесуваат на камати, а 6% се однесуваат на приходи од наемнини.

Останатите приходи од вложувања главно произлегуваат од реализирана наплата на заем кој беше под исправка на вредност (9.869 илјади денари), што е и главна причина за растот на финансиските приходи.

Приходите по основ на провизии од реосигурување изнесуваат 76.418 илјади денари и се повисоки за 15.249 илјади денари, односно за 25% во однос на 2021 година, во согласност со растот на премија предадена во реосигурување.

Oстанатите осигурителни приходи, како и останатите приходи се минимално намалени во однос на 2021 година, односно вкупно за 825 илјади денари.

Во делот на расходите, Друштвото ги оствари следниве резултати: нето расходите за штети се во износ од 423.447 илјади денари и се за 81.008 илјади денари (24%) повисоки од минатата година.

Гледано аналитички, причините за растот се: раст на бруто ликвидираните штети за 10.791 илјади денари, што делуваше негативно на нето раходите за штети, пад на бруто ликвидираните штети под реосигурување за 25.944 илјади денари, што делуваше негативно на нето раходите за штети, промена во нето резервите за штети во споредба со 2021 година, влијаеше негативно за 53.308 илјади денари.

Останатите технички резерви се зголемени за 33.230 илјади денари поради зголемените резервации за менаџерско осигурување (дел од Класата 1 – Осигурување од незгода).

Трошоците за бонуси и попусти изнесуваат 25.494 илјади денари и се минимално зголемени за 1% во однос на минатата година, a каде што најголем износ на попусти (10.915 илјади денари) отпаѓа на класа 3 – каско осигурување.

Нето трошоците за спроведување на осигурувањето во деловната 2022 година изнесуваат 325.320 илјади денари, што претставува раст од 1% или 3.047 илјади денари во однос на истиот период претходната година.

Најголемо влијание за растот имаше позицијата „трошоци за провизија“, која е значајно зголемена согласно растот на бруто полисираната премија.

Трошоци од вложувања се во износ од 780 илјади денари и претставуваат намалување од 45% во однос на минатата година. Намалувањето се должи на тоа што минатата година придруженото друштво Триглав Живот имаше остварена загуба во првото тромесечие, додека оваа година работи со добивка.

Останати осигурително технички трошоци се во износ од 48.471 илјади денари и ова претставува пад од 4% (1.859 илјади денари), а најголемо намалување има кај штетите за непознати и неосигурени возила (Гарантен фонд).

Вредносно усогласување на побарувањата е зголемено за 7.014 илјади денари. Зголемувањето е резултат на низа фактори како енергетската криза, инфлацијата, руско-украинскиот конфликт, итн., а кои допринесуваат кон пролонгирање на наплатата на доспеаните побарувања, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Триглав осигурување лани работел со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Свисслион“ ја прогласи за успешна понудата за преземање на „Агроплод“

Редакција

Кои се акционери во Стопанска банка Битола, понудата на Комерцијална за преземање ги откри

Редакција

Убава вест: „Виз ер“ воведе нови авиолинии од Скопје до Баден-Баден и Бремен

Редакција