еМагазин
Image default
Бизнис

ТТК Банка оствари добивка од 31,9 милиони денари

Во периодот јануари – јуни 2018 година, ТТК Банка оствари позитивен финансиски резултат во износ од 31,9 милиони денари и покрај издвоените исправки на вредност за финансиски средства на нето-основа во износ од 45,5 милиони денари и исправки на вредност за нефинансиски средства на нето основа во износ од 51,1 милиони денари, соопшти банката преку Македонската берза.

Остварените нето приходи од камати во првото полугодие од 2018 година изнесуваат 135,5 милиони денари и забележуваат 96,4% реализација на Буџетот. Приходите од камата во првото полугодие од 2018 година изнесуваат 169,9 милиони денари. На годишно ниво, зголемената кредитна активност на Банката кон секторот домаќинства и секторот нефинансиски друштва резултира со зголемени приходи од камати за 4,5% во однос на истиот период минатата година.

Расходите за камати изнесуваат 34,5 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се пониски за 3,6%. Нето приходите од провизии и надоместоци за услуги во првото полугодие од годината изнесуваат 60,4 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се пониски за 2,9%. Степенот на исполнување на планот е 90,4%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 3,9 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се пониски за 18,3%. Степенот на исполнување на планот е 89,8%. Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 79,7 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 36,6 милиони денари или 84,8%, како резултат пред сѐ на реализираните капитални добивки од продажба на средства.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 154,6 милиони денари и споредено со истиот период минатата година се пониски за 4,1%. Степенот на исполнување на планот е 97,5%.

Согласно Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средствата преземени врз основа на ненаплатени побарувања, заклучно со месец јуни 2018 година евидентирана е загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа во износ од 51,1 милиони денари. Исправката на вредност на финансиските средства на нето-основа во анализираниот период изнесува 45,5 милиони денари, што е за 14,8 милиони денари повисока во однос на истиот период минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 3,5 милиони евра: ЕЛЕМ ќе користи помошна механизација за РЕК Битола од „Марковски компани“

Редакција

Бруто надворешниот долг на крајот од четвртиот квартал лани 8.630 милиони евра

Редакција

Фершпед ја зголеми добивката

Редакција