Напојувањето со електрична енергија на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија денеска и во наредните неколку денови ќе биде во прекин. Напојување ќе има само од страна на Удово, соопшти ЈП Македонија пат по известување од ЕВН Македонија.
Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни, како што се посочува, сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.