Премиерот Зоран Заев денеска во Собрание понуди помирување за 27 април, при образложување на предлогот за уставните измени.
Ова, според многумина, беше протолкувано дека владејачката партија и опозицијата постигнале договор за двотретинско мнозинство за измените, а за возврат, да се добие амнестија за обвинетите и организаторите на насилството во Собранието од 27.април.
Еве дел од реакциите на „Твитер“:
Заев вели простување, ти слушаш амнестија. Како може Заев да амнестира некого под истрага на ОЈО? Нека ја напише некој процедурата за тоа ако ја знае…
— малиот кнез мишкин (@JakovFendu) October 15, 2018
Ако Заев стварно ветил амнестија за гласање на уставни измени тогаш нека се спрема за катастрофален пораз на наредните избори што ќе се одржат. Вети правна држава и затоа и доби власт од народот.
— Стефан (@duvste9) October 15, 2018
Дали стварно Заев нуди амнестија? Реков дали!?
— Man (@Goran_Man) October 15, 2018
Во случај на амнестија за настаните од 27.04. ако не се собере народ па да линчуе се што има у парламент, боље не би се ни нарекувал народ.
— Курофми® (@Shushmula) October 15, 2018
Дали тоа @Zoran_Zaev понуди амнестија?
Ако е така од мене ќе го јаде курот!!!— Dimko (@ddimkooooo) October 15, 2018
„Испраќам порака на помирување и простување за настаните на 27 април, да седнеме и да го направиме тоа. Знам дека тоа има цена и подготвен да ја платам политичката цена." – Зоран Заев
кратко траеше твојата премиерска кариера. јбг
— Donatello™ (@Petrusevski13) October 15, 2018
@Zoran_Zaev стани на говорница и кажи дали понуди амнестија за да знам дали да ја барам ШАРЕНАТА МАИЧКА.
— V!DanaDsgn (@VidanaDeSign) October 15, 2018
Простување, меѓу пратениците, едните беа директно го доведоа во опасност животот на другите. Некои помалку, некои повеќе. Не амнестија.
— малиот кнез мишкин (@JakovFendu) October 15, 2018
Онаа багра не влезе во куќата на Зоран Заев. Влезе во МОЕТО СОБРАНИЕ. Зоран Заев може да не поднесува приватна тужба. Мојата земја никогаш нема да биде држава ако не знае да се брани од внатрешни непријатели и криминалци. Кога ќе дојдат на власт ќе стрелаат. Памет во глава.
— V!DanaDsgn (@VidanaDeSign) October 15, 2018
Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев повика на помирување за 27 април и ги повика пратениците да гласаат за уставните измени
И пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дојдоа на седницата за уставните измени во Собрание