Лавина реакции на социјалните мрежи предизвика информацијата дека на 12.000 пензионери не им биле префрлани пари од Фондот за пензиско осигурување во приватните пензиски столбови, како и најавата дека зголемување на пензии ќе има само во случај на инфлација.
Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер:
Се буните за украдените пари од пензискиот фонд како да ќе дочекате пензија.
— Стормрејџ (@Strastniot) January 27, 2019
19 милиони евра биле украдени од приватните пензиски фондови.
но:
1. пензиските друштва и мапас (веројатно и други институции) тоа го виделе уште првиот месец по кражбата. тоа им е работа. зошто ќутеле?
2. остана ли некој сегмент од државата во кој граѓанинот може да има доверба?— Bisera (@zamislena) January 27, 2019
Да беше директорот на ПИОМ од Вмро, 19те милиони евра ќе беа украдени, и СЈО ќе отвореше истрага.
Ама пошо директорот бил од ДУИ, парите "ги нема" или "не се префрлени", а истрага нема.— BaBaRoGa (@LepceSoSalamce) January 28, 2019
крадат пари од даноци, крадат пари од пензии, редно е по 20% со траен налог да ни зимаат од нетото, сепак треба за нови училишта, патишта, градинки и болници
— никола димчев (@Nikola_Dimcev) January 28, 2019
Дали на некој му доаѓа памет за криминалите на ДУИ?!
Краделе од пензии бе, 19 милиони евра.
Имаше и некој друг скандлал со доцнења на префрлање пари во приватни фондови
Ама ова е врвот, ко што си делеа пари во партија од државни институции.
Или ДУИ ќе се исчисти, или нема држава— Ivor Mickovski (@nezenzabar) January 27, 2019
Порано имаше поштари што крадат пензии, сеа поштите се опљачкани заедно со пензиите.
— Еј Бреј (@Gogiche) January 28, 2019
И не поднесува кривична пријава кон нејзе а од буџетот ги санира штетите. Сега иде Царовска и открива дека пак се злоупотребуваат средства на граѓаните. Пензискиот фонд е криминално воден најмалку 12-14 г пред Царовска. Плус знам имиња на членови на конзилиум за инвалидски пензии
— Jovan P. (@jp_wanderer) January 27, 2019
Лугето го рабраа она што требаше да го разберат, нивните пензии нема да растат туку вредноста на пензијата ќе остане иста, затоа што ќе се усогласува само со порастот на животните трошоци. Треба да се познава системот, но треба да се знае и како да се преживува со 10000 пензија.
— loving policeman (@toreador_34) January 28, 2019
Од „идни“ пензии. Пошо знаат дека сигурно ќе застари делото до тогаш. 🙂
— ЏиЏе. (@Dz1Dze) January 27, 2019
Они краделе пензии.
Овие ги амнестираат.— Ристо Разбираш (@luck15c) January 27, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 12 илјади лица со години не им биле префрлани средства во вториот пензиски столб