еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Ист Гејт Мол синоќа се отвори за соработниците и партнерите, а денеска во 10 часот за граѓаните

Во предвечерјето на официјалното отворање, во свечена есенска атмосфера се оддржа средба за закупците, соработниците и партнерите на Ист Гејт Мол.

На присутните топло добредојде им посака инвеститорот на проектот, кој искажа голема благодарност на сите учесници во процесот, кој овозможи реализација на инвестицијата.

Трговскиот центар претставува уникатно архитектонско здание од последната генерација трговски центри, којшто од денеска ќе го мапира Скопје како регионална шопинг дестинација и воедно ќе биде атракција за посетителите на главниот град.

На настанот присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Зоран Заев, како и министри во Владата, претставници од дипломатскиот кор и претставници на закупците на трговскиот центар.

Свое обраќање имаа акционерите на Скопје Ист Гејт, Арсим Папранику и Самир Мане. Трговскиот ценатар чија бруто изградена површина изнесува 160.000m2, беше изграден во рекорден рок од 26 месеци во услови на глобална пандемија

Премиерот Заев, го изрази своето задоволство што со Ист Гејт Мол, инвестиција од над 103 милиони евра, придонесе македонската економија да добие економски импулс во периодот на глобалната пандемија, со кое главниот град со оваа инвестиција добива модерен лик и станува уште поатрактивна дестинација за странските посетители.

Ист Гејт Мол е дел од повеќенаменскиот проект Скопје Ист Гејт и претставува инвестиција на Балфин Групација (Balfin Group).

Ист Гејт Мол, новото срце на градот, официјално ќе биде отворен за посетителите денеска во 10 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извршниот директор Давков открива детали за Ист Гејт Мол: Стартува со 220 продавници и 600 трговски марки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје има иста кумулативна инциденца како Дебар

Редакција

Во велешката касарна пронајден починат 59 годишен гевгеличанец вработен во армијата

Редакција

Нови 365 случаи на Ковид-19, во Скопје 183

Редакција