Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека од 235 заболени здравствени работници во Македонија, 184 се оздравени од коронавирусот.
Тој посочи дека голем број од нив веќе се вратени на своите работни места, што овозможи целосно да бидат во функција одделенијата на Детската клиника, Институтот за рехабилитација и болницата во Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 1.518: Седум нови случаи на заболени со коронавирусот
Убава вест: Излекувани уште 47 пациенти од коронавирусот, вкупната бројка 992
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.