еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Убава вест: Можно намалување на цените за роаминг на Западен Балкан од јули годинава

Ако се постигне договор до април 2019 година, веќе во јули би почнало намалувањето на цените на роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, а воопшто не би се плаќал од 2021 година, порача денеска во Брисел генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу, обраќајќи им се на учесниците на втората рунда преговори за нов регионален договор за роамингот.

– Ако сакаме луѓето да го препознаат вистинското влијание на нашите напори за промоција на регионалната соработка, тогаш овој договор треба да го потпишеме во април, изјави Брегу.

Додаде дека на ЕУ и требаа десет години да го воведе концептот „роаминг како по дома“, додека земјите од Западен Балкан имаат амбиции и храброст ова да го завршат за две и пол години.

– Вредноста на новиот регионален договор лежи во фактот дека ќе има директно и моментално влијание и ќе донесе заштеда за сите граѓани на Западен Балкан, рече Брегу.

Македонија активно учествува во овие преговори кои започнаа уште пред две години во организација на РСС, оперативно тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема опасност од враќање на визите, Македонија продолжува да ги исполнува одредниците за визна либерализација, стои во Извештајот на ЕК

Редакција

Еврокомесарот за проширување Вархеји: Се надевам на одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија до јули

Редакција

Словенија од денеска го презема шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ

Редакција