Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрирани се 2.003 оздравени пациенти од Ковид-19 и тоа од: Скопје – 1145, Кавадарци – 147, Охрид – 101, Неготино – 81, Струга – 71, Куманово – 57, Прилеп – 53, Битола и Велес по – 43, Тетово – 34, Штип -32, Гостивар – 27, Струмица – 26, Гевгелија – 23, Делчево – 17, Крива Паланка – 15, Кичево – 14, Кочани – 10, Берово и Демир Капија по – 9, Ресен – 7, Свети Николе и Радовиш по – 6, Пробиштип, Валандово, Богданци и Македонски Брод по – 5, Виница и Крушево по – 3 и Дојран – 1.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 141.157, бројката на оздравени пациенти е 115.433.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа уште 32 лица од Ковид-19, вкупно 4.182
Нови 1.092 случаи на Ковид-19 од 5.569 тестирања
Фото: Министерство за здравство