еМагазин
Image default
Забава

Убава вест: Утре се отвара Зоолошката градина во Скопје, нови правила за посетителите

Зоолошка градина Скопје повторно ќе биде отворена од вторник (26.05.2020), соопштија оттаму преку нивниот Фејсбук-профил.

„Ве очекуваме на повторна дружба и прошетка, но овојпат поради ситуацијата, со нов протокол за движење и придржување кон мерките:

-Носење маска/марама при влез во ЗОО Скопје.

-Чекаме ред на дистанца од 1,5 м уредно обележано.

-Строго е забрането хранење и доближување до животните.

-Отпадоците да се фрлаат во корпите.

-Не смее да се употребуваат летниковците и детските игралишта.

-Низ зоолошката градина, држете дистанца од другите посетители.

-Бројот на посетители ќе биде ограничен, за да во одреден момент не се создава поголема гужва низ градината.

-Јавното здравје е пред се и затоа сите заедно да се придржуваме кон мерките.

Се гледаме во вторник од 09:00“, велат од Скопје ЗОО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Еден „куп“ нови бебиња во Зоолошката градина: Се родија кенгурче, пони, мини-прасиња…

Фото: Фејсбук/Скопје ЗОО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Немав пари за хотел, спиев во автомобил: Ален Исламовиќ во „Еден на Еден“

Редакција

(Видео) По пет години „Ареа“ со нова песна: Ружица авторка на текстот „Зрак“

Редакција

Фестивал на чај, лековити билки и есенцијални масла од 17 до 19. ноември во Скопје

Редакција