Од почетокот на пандемијата со коронавирусот до денеска во Гевгелија се склучени 14 од вкупно 25 бракови колку што се заведени годинава во матичната книга, соопштија од подрачното одделение на Управата за водење на матични книги во Гевгелија.
Последната регистрација, посочија, се случила деновиве, поточно на 10 април меѓу девојка од Скопје и момче од Гегелија што значи дека коронавирусот ги одложи свадбените веселби, но не и регистрациите, кои со одредени рестрикции поради почитувањето на мерките за заштита од ширење на инфекцијата, се одвиваат нормално.
Единствената рестрикција, велат, е ограничениот број за присуство на церемонијата на само пет лица за да се запази социјалната дистанца, а тоа се двајцата што стапуваат во брак, двајцата сведоци и матичарот.
МИА/Фото: Општина Гевгелија
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Во Дебар расте бројот на оздравени, новозарзени нема веќе 12 дена
Убава вест: Од коронавирусот во Македонија излекувани уште 12 пациенти