еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Учениците можат да се вратат во училиштата, протоколите за новата учебна година се речиси готови, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека децата можат да се вратат во училиштата од септември, а за две недели целосно ќе бидат завршени протоколите за новата учебна година.

„Протоколите за учебната година се речиси готови. Има уште некои технички детали, на кои работи работната група, во која членуваат претставници од Министерството за образование и наука (МОН) и епидемиолози од Комисијата за заразни болести.

Планирано е да присуствуваат сите деца, 100 проценти од вкупниот број во класовите.

Така се подготвуваат и протоколите. Мерките се: дезинфекција, често проветрување на училниците, немешање на различни класови. Протоколите ќе бидат целосно завршени за две недели,“ изјави Филипче.

Тој соопшти дека со пристигнувањето на големата количина вакцини викендов, се планира имунизација и на сите наставници.

Филипче вели дека одлуката на Бирото за развој на образованието да не се делат сега свидетелства на учениците оти нема услови, не е донесена во координација со Министерството.

„Свидетелствата можат да се делат во дворовите. Се што може да се организира надворешни услови, може да се направи,“ смета Филипче.

МИА/Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22-годишен пациент од Скопје почина од корона вирусот, вкупно денеска шестмина новопочинати

Редакција

Русковска: Се истражува рекет и врз други бизнисмени

Редакција

За 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализирани 4 нови пациенти

Редакција