еМагазин
Image default
Локално

Ученик повреден со нож во тепачка во средното медицинско училиште во Гостивар

По расправија која подоцна прераснала во физичка пресметка помеѓу ученици во средното медицинско училиште во Гостивар, вчера попладне, еден ученик е полесно повреден.

За овој случај денеска се расправаше и на состанокот на претставници на полицијата и на педагошките служби на јавните средни училишта во Гостивар за спречување на насилството во училиштата.

Од СВР Тетово информираат дека вчера во 16 часот и 30 минути, Ф.Ј.(42 ) од гостиварска Симница во СВР Тетово пријавил дека околу 13 часот неговиот 17-годишен син, ученик во средно училиште во Гостивар, бил нападнат со остар предмет од малолетник од истото училиште.

Ученикот претходно физички се пресметувал со други ученици во училишниот двор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На состанокот беше кажано дека ученикот имал исекотина на десната рака, а училишнита управа и локалната власт ќе помогнат во целосно расветлување на последниот настан, во кој според привчните сознанија учествувале повеќе ученици.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајка на патот Неготино – Кавадарци

Редакција

Трагедија во Куманово: Почина моторџија откако удрил во зелен остров

Редакција

Тетовчанец физички ја нападнал сопругата: Семејното насилство стана редовна појава

Редакција