еМагазин
Image default
Бизнис

Угостителските објекти да работат до 21 часот, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата работното време на угостителските објекти да се ограничи до 21 часот.

– Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе предложат нова мерка до Владата угостителските објекти да работат во 21 часот. Оваа предлог мерка ќе биде разгледана на владина седница за нејзино усвојување со цел спречување од понатамошно ширење на Ковид-19, се вели во одговорот што МИА го побара од ресорното Министерство.

Досега, работното време на угостителските објекти со владините мерки беше ограничено до 23 часот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синдикатите денеска со одделни протести, но со исти барања ќе го одбележат Меѓународниот ден на трудот

Редакција

НЛБ Банка ја „дрма“ берзата: Продаден блок од 2.000 акции за 26,9 милиони денари

Редакција

ЕСМ склучи договор со Спектартермо вреден 575,3 илјади евра

Редакција