Апелациониот суд го укина куќниот притвор за поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста како организатор на насилствата во Собранието од 27 април.
Во јули минатата година тој беше осуден на шест и пол години затвор за овој случај и ја чека правосилната одлука за казната.
Тој како гаранција дека нема да побегне понудил имот во вредност од околу 210 илјади евра, а ставот на Апелација наведен во образложението на одлуката, е дека понудената гаранција е соодветна мерка за обезбедување на неговото присуство за успешно водење на постапката.
Фото: Вељаноски/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.