еМагазин
Image default
Бизнис

Укинати царините за 13 медицински производи, следи намалување на царините за прехранбената индустрија

Владата на предлог на Министерството за економија стопроцентно ги укина царинските давачки за 13 медицински производи, кои се се увезуваат како потрошен медицински материјал. Укинувањето на царинската стапка за овие стоки ќе важи до завршувањето на вонредната состојба поради корона виирусот, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

„Вчера и предложивме на Владата, а таа усвои да се тргнат царинските стапки за 13 медицински производи“, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Тој прецизира дека се укинуваат царините за етил алкохол со 80 и повеќе отстот на содржина на алкохол, етил алкохол и други алкохоли ненатурирани, сапуни за тоалетна употреба, други сапуни, производи и препарати за миење на кожа во форма на течност или крем и приготвени за продажба на мало со или без содржина на сапун, детергенти, препарати за перење или препарати за чистење, пластична облека и прибор за облека, текстилни драпери кои се употребуваат при хируршки процедури, пластични маски со текстилен филтер, како и очила со стакла од пластични маси.

„Владата на вчерашната седница донесе одлука да се замрзнат и цените за потрошен медицински материјал и медицинска опрема и апарати на цената која била утврдена на 11 март 2020 година кога СЗО прогласи пандемија на корона вирусот. Цените ќе се применуваат до 30 април 2020 година“, рече Бектеши.

Нагласи дека целта на оваа мерка е да се вратат цените на маските, ракавиците и друг медицински материјал и опрема кои, како што кажа, во изминатите неколку дена пораснаа за неколку пати поради зголемената побарувачка од граѓаните како средства за основна заштита од Ковид 19.

Најави дека ќе се донесат дополнителни мерки во делот на намалување на царините на барање на компаниите од месната и прехранбената индустрија со цел намалување на цените и овозможување непречено работење на оваа индустрија и увоз на репроматеријалите кои им се потребни.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со коронавирусот во Европа може да се бориме две години

(Фото) Владата се уште држи седници без заштита на министрите против корона вирусот

Еден или повеќе негативни резултати по тестирање не исклучуваат можност дека сте заразени со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Бранко Грегановиќ, идниот извршен директор на НЛБ Банка Скопје

Редакција

Македонија осигурување Виена иншуренс груп ќе дели дивиденда

Редакција

Европа лани со намалена добивка

Редакција