еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска умерено до значително облачно, претпладне магла по котлините и речните долини

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, наутро и претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини и со слаб ветер од северен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 7 до 13 степени.

Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во следните два дена, како што соопшти УХМР, ќе преовладува значително облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини.

Повремен локален дожд ќе има во среда, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и се потопло. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 досега во Македонија починаа 31 здраствени работници

Редакција

(Фото) Заев, Пендаровски и Џафери на божиќен ручек и именден кај г.г Стефан

Редакција

По затворањето поради зараза со морбили на дел од персоналот: Почна со работа хируршкото одделение во струшката болница

Редакција