еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска умерено облачно и топло со температура до 24 степени

Времето денеска во земјава ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде магливо со појава и на ниска облачност, а од пладневните часови сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Благо опаѓање на температурите ќе има од средината на наредната седмица.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како после Ковид-19 да се разбуди „заспаниот имунитет“ кај децата, кој е причината за заболување со вируси нетипични за лето

Редакција

Проф. Трајковски: За разлика од претходните бранови вирусот е помалку преносилив, најверојатно поради солидниот хибриден имунитет

Редакција

(Галерија) Царовска, Петров, Лукаревска и Николовски се натпреваруваа во правење мафини

Редакција