еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Универзална сала виа Мавровка: Слика за урнати вредности и институции

На само неколку километри раздалеченост се Универзалната сала и трговскиот центар Мавровка, коишто деновиве се во фокусот на јавноста поради тоа што ја открија неспособноста на централната и локалната власт.

Цела деценија различни владејчки гарнитури зборуваат за реновирање или изградба на нов објект наместо застарената Универзална сала, за што беа потрошени илјадници евра на различни идејни решенија и проекти. Наместо реализација на некое од понудените решенија, владејачките елити дозволија Универзална сала со години да се распаѓа, за сега повторно на конкурс да се бара решение за уривање односно изградба на парк со летна сцена.

При тоа заборавија да ги изнесат предлозите на јавна дебата за да се видат сите можни опции и по реакциите во јавноста ретерираат од објавениот конкурс, па најавуваат и можност за референдум. Според досегашната практика, и ова решние на крај ќе биде отфрлено, а Универзална ќе биде оставена да скапува на забот на времето.

Од друга страна, речиси неверојатно е тоа што се случува со дивоградбата кај Мавровка. Очигледно е дека некои структури од власта и урбана мафија мислат дека македонскиот народ пие нафта.

Сите се прават наудрени дека на местото каде што се гради огромниот објект имаше кафуле кое случајно или не беше зафатено од пожар само извесен период пред да почне градењето. Уште понаудрени се прават надлежните во општина Чаир кои по бурните реакции во јавноста решија преку оглас да бараат кој е инвеститорот што гради кај Мавровка.

На крај, според досегашната практика, оваа изградба привремено ќе биде стопирана слично како и објектот кај некогашна Менада. За уривање, ќе видиме.

Двата случаи откриваат целосно фијаско на држвата и локалната власт во однос на вреднување на работите и ефикасно спроведување на законите.

Универзална сала е објект кој веќе има карактеристики на значјано наследство и приоритет треба да биде нејзино зачувување. Од друга страна, објектот кај Мавровка кој е дивоградба во срцето на градот треба да се урне преку ноќ за да биде пример за сите останати кои на своја рака си градат кај што ќе стигнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шилегов: Постојат три опции за Универзална сала, но можен е и референдум

„Шилегов ако сакаш да рушиш, руши ја платформата на Матка и зградата пред Мавровка„: Твитер реакции за Универзална сала

Цела деценија тендери за Универзалната сала: Пари во ветер, објектот пред распаѓање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лекарот и диџеј Игор Спироски: Ограничена гужва и носење на маски, драконска казна е запирањето на работата на музичарите и диџеите

Редакција

„Трајко ја изгуби можноста да биде викан „Трале“ од Мицкоски„: Твитер за пратеничкиот имунитет на Вељаноски

Редакција

Можно е продолжување на вонредната состојба за уште еден месец

Редакција