На синоќешната 12. седница, Централниот одбор на СДСМ на предлог на претседателот на партијата Зоран Заев, едногласно го избра Љупчо Николовски за шеф на изборниот штаб на СДСМ.
“Нашиот концепт е чесен и одговорен, насочен единствено кон граѓаните, кон државата и нејзината иднина. Убедени сме дека нашиот државнички концепт е препознаен од граѓаните и дека на 12 април масовно ќе дадат поддршка и дека на тој пат треба да продолжи да чекори државата напред.
Секој ден и секој час макотрпно ќе работиме, заедно со секој наш член, со секој волонтер, со граѓаните. Следуваат средби со различни целни групи, а на новата програма ќе работат и комисиите со вкупно 160 сектори. Ќе ги вклучиме и граѓанските организации и повторно новата Влада ќе ја формира СДСМ. Затоа што имаме чист, јасен, државнички концепт“, рече Николовски во своето обраќање.
Фото: Влада/СДСМ