еМагазин
Image default
Македонија

Уште 13 деца од градинката „Ангел Шајче“ во Куманово затруени со храна, две примени на лекување

Уште 13 деца од градинката „Ангел Шајче“ побарале помош и се пожалиле на симптоми слични на труење на храна на детското одделение во кумановската болница, а уште две деца се примени на лекување, соопштија денеска надлежните од болницата.

Надлежните од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), од Агенцијата за храна и ветеринарство, Центарот за јавно здравје и од градинката ги очекуваат резултатите од земените брисеви и мостри.

-Генерално здравствената состојба на децата се подобрува. Немаме деца што се во тешка состојба, освен пет што беа малку повеќе дехидрирани во разлика со другите деца, што се на домашно лекување тие се на болничко лекување, но се подобри, вели началникот на детското одделение, Агрон Сулејмани.

Лекарите од детското одделение од општата болница велат дека има и деца кои не одат во градинка и кои се јавуваат со слични симптоми.

Вчера, по извршениот вонреден надзор на надлежните институции беше затворена кујната на градинката „Ангел Шајче“ каде се подготвуваше храна за три објекти „Пчелка“, „Синоличка“ и „Кокиче“.

Покрај, забраната за работа на главната кујна, ДСЗИ издаде решение со кое им се наложува и преземање на противепидемиски мерки со кое се наредува, забрана за користење на останатите две чајни кујни во клоновите каде се дистрибуирала храна од кујната, забрана за користење на занималните во сите три клона каде престојувале деца со симптоми на труење со храна, темелно механичко чистење на кујната и останатите простории забранети за употреба, вршење на вонредна дезинфекција од овластена служба, вршење на вонредни здравствени прегледи на вработените во кујната.

– Наведените простории ќе бидат затворени сѐ до добивање на негативни резултати од земените брисеви, наведуваат од ДСЗИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Триесетина деца затруени со храна од кумановската градинка „Ангел Шајче“, затворена кујната, се земаат мостри и брисеви

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица поднесе кривична пријава против министерот Спасовски

Редакција

Мицкоски предизвика бура во Грција

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека се прифатени дел од нивните забелешки за СЈО

Редакција