еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Уште 306 работодавачи зеле пари од државата, а не им исплатиле плати на вработените

Злоупотреба на финансиката поддршка од државата за исплата на плати на вработените е направена и за декември.

Заклучно со 2 февруари 2021 година 2.306 работодавачи што примиле 1.305.020 денари помош не ја исполниле обврската кон 922 вработени за исплата на плата.

Пратени се опомени до компаниите, а доколку не ја исплатат, ќе следи присилна наплата со блокада на паричните средства на нивните сметки и пренос на средствата на сметките на вработените и уплатните сметки на Управата за јавни приходи (УЈП).

Податоците денеска на прес-конференција ги објави директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска која соопшти дека се уште има компании кои не ја исплатиле платата кон вработените, а ја добиле финансиската поддршка, за месеците април, мај, јуни, октомври и ноември.

За октомври од првичната бројка 179 заклучно со 2 февруари 2021 година, 11 компании не ислатиле плата на 34 вработени, а добиле поддршка во износ од 579.639 денари.

За ноември од 245 компании првично, бројката е намалена на 24, со исплатена поддршка од 754.452 денари, а кои не дале плата на 50 вработени.

За месеците април, мај и јуни, како што истакна директорката на УЈП, по постапка за присилна наплата намален е бројот на работодавачи кои ја должат платата за овие месеци, и заклучно со 2 февурари за 47 компании не исплатиле плата за 102 вработени, за мај 33 компании за 63 вработени и за јуни 54 компании за 145 вработени.

Лукаревска соопшти дека по спроведени активности на УЈП намален е бројот на компании кои примиле помош за октомври и ноември, а кои не исплатиле плата.

Вкупниот број на компании кои се уште не испплатиле плата за еден, два или за сите три месеци е 109 компании, посочи Лукаревска, додавајќи дека за овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвиниелство за покрнување кривична постапка и кај истите се извршени и контроли во координација со Државниот инспекторат за труд.

Од оние што не исплатиле платата на вработените, а добиле помош, во декември 78 компании се од дејноста трговија на мало кои примиле помош во износ од 2.219.584 денари, а не исплатиле плата на 145 вработени, 44 фирми се од дејноста подготовка на оброци и служење храна кои примиле 2.239.825 денари и не исплатиле плата на 130 вработени, 26 фирми се од градежништвото кои добиле помош од 944.106 денари и не исплатиле плата на 57 вработени.

Меѓу фирмите кои ја злоупотребиле финансиската поддршка се и од транспортната дејност, трговија на големо, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли и услужни дејности.

Лукаревска потенцира дека контроли заедно со ДИТ се спроведени кај сите компании кои имаат злоупотреба на државната помош. Дел се завршени, за дел се чекаат резултати.

-Сите податоци ги доставуваме до основното јавно обвинителство кое треба да го направи епилогот на оваа постапка, рече Лукаревска додавајќи дека и претходно е напоментато дека нема да отстапат од тоа дека секој управител што ја злоупотребил поддршката треба да сноси кривична одговорност.

Директорката соопшти дека за април исплатена е поддршка на 19.829 компании за 128.187 вработени во износ од 1.796.790.667 денари, за мај поддршката е дадена на 20.005 за 119.149 работни места во износ од 1.672.270.224 денари, во јуни биле поддржани 18.176 компании за испата на плата на 10.1604 лица во износ 1.420.356.089 денари, во октомври помош зеле 12.676 компании за 61.831 вработен во износ од 966.278.983 денари, за ноември 13.225 компании за 66.103 вработни во износ од 1.030.830.862 денари и за декември 13.162 компнии добиле поддршка за 60.986 вработени во износ од 961.865.357 денари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на прометот на Македонската берза во август

Редакција

Тројца македонски државјани се на безбедно на островот Родос, каде што беснеат пожари

Редакција

Кој е милионскиот тендер кој ги скара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ

Редакција