еМагазин
Image default
Македонија

Уште една наставничка од Кавадарци позитивна на Ковид-19, во изолација 14 ученици

Уште една наставничка од Кавадарци е позитивна на Ковид-19, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Заедно со неа во изолација се и 14 ученици. Претходно позитивна беше нејзина колешка од истото училиште, а во изолација отиде таа и нејзините 16 ученици.

Во изминатите 24 часа во Тиквешко има четири новозаболени лица од кои три во Кавадарци и едно во Неготино. Станува збор за три женски и едно машко лице, на возраст од 30 до 61 година. Еден од нив нема симптоми, а остантите имаат. Едно лице имало претходно контакт со позитивно лице на коронавирус, а другите не знаеле каде се заразиле. Сите биле на домашно лекување и со лесна клиничка слика. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН: Од Ковид-19 заразени 42 ученици и 65 наставници

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во Владата средба на коалициските партнери од власта

Редакција

Милена Стевановиќ од СДСМ не е повеќе директорка на Инфективна, нов директор е Фадил Цана од Алијанса за Албанците

Редакција

Сè уште трае истрагата за избеганиот затвореник од Идризово

Редакција