еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МОН: Од Ковид-19 заразени 42 ученици и 65 наставници

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека заклучно со 12 часот денеска, вкупно има 42 активни случаи на Ковид-19 кај учениците и 65 кај наставници.

Од нив, 29 ученици се од основно образование, а 13 од средно, додека 47 наставници се од основно, а 18 од средно образование.

Во однос на основните училишта, МОН наведува дека од активните случаи – седум од учениците и пет од наставниците имале настава со физичко присуство во училиштата и известува дека во сите случаи се почитувани препораките од центрите за јавно здравје и е постапувано согласно алгоритмите.

Од активните случаи во средно образование, ниту еден од учениците и наставниците не учестувале во настава со физичко присуство и согласно тоа немале контакт со остатокот од учениците или наставниот кадар.

„Учениците кои следеа настава со физичко присуство, а сега се во изолација поради Ковид-19, учењето го продолжуваат од далечина, со што има континуитет во образовниот процес. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата.

Затоа, МОН апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста. Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, ако сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита“, соопшти МОН.

Оттаму информираат и дека успешно се спроведува наставата од далечина и околу 87 проценти од учениците ги следат часовите онлајн без никакви потешкоти.

За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет-конекција потсетува дека часовите се емитуваат на Македонската радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал.

Министерството за образование и наука во соопштението наведува и дека е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн-наставата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 80 случаи со Ковид-19 од 680 тестирања, најмногу во Скопје 54

Починаа уште тројца пациенти од Ковид-19, вкупната бројка достигна 800

Се е под контрола со Ковид-19 во Македонија, не изолираа како глувци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи од Софија најави дека ќе и предложи на Владата, Законот за здруженија и фондации да го испрати на оценка во Венецијанската комисија

Редакција

Дијалогот со синдикатите е постојано во тек и ќе донесе решение, велат од Влада

Редакција

Eден од обвинетите позитивен на Kовид-19, одложено судењето за „Таргет-Тврдина“

Редакција