Од денеска се укинува роамингот помеѓу земјите од Западен Балкан.
Корисниците на македонски броеви ќе може да ги користат своите телефони за разговори под истите услови како во Македонија, кога се во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија, доколку сакаат да повикаат број во Македонија или одговорат на повик од мобилен број од земјава.
Сепак, за сите детали, како и за испраќањето СМС и користењето интернет во роаминг, корисниците ќе треба да ги проверат условите на веб-сајтовите на мобилните оператори, посочија неодамна од Министерство за информатичко општество и администрација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.