еМагазин
Image default
Македонија

Утре се отвoраат пунктови за вакцинација во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров

Поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат четири дополнителни пункта за имунизација против Ковид-19 во Скопје во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров, информира Министерството за здравство (МЗ).

Во две смени, како што посочуваат оттаму, ќе работат пунктовите во Чаир, Јане Сандански, Букурешт и Бит Пазар. Во прва смена ќе работат Шуто Оризари, Драчево и Ченто.

-Вакцини има доволно, во сите пунктови се надополнуваат подеднакво потрошените количини. На располагање се околу 400.000 дози вкупно од сите производители од кои 200.000 за прва доза.

За прва доза имаме 80.000 Синовак, 50.000 AстраЗенека и 70.000 Фајзер. Секоја недела пристигнуваат по околу 20.000-30.000 на Фајзер и оваа пратка ќе продолжи да пристигнува и во следните недели до крајот на годината, велат од Министерството за здравство.

Нагласуваат дека вакцините се безбедни и се единственото оружје со кое располагаме во борба против Ковид-19 вирусот.

-Вакцините штитат од тежок тек на болеста и од смртен исход од вирусот. Само со масовно вакцинирање на населението може да ги спречиме натамошните мутации на овој вирус и затоа, повикуваме на вклучување во процесот на имунизација на сите граѓани, порачуваат од Министерството за здравство.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот тим во Комисијата за историски прашања ќе информира за решенијата за заеднички чествувања и за учебниците

Редакција

Комисијата за заразни болести препорачува изолација на суспектни случаи со мајмунски сипаници

Редакција

Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток

Редакција