Тврдењата дека вакцината против Ковид-19 би можела да влијае врз плодноста кај мажите се неосновани, соопштија денеска британските експерти од Кралскиот колеџ во Лондон.
На социјалните мрежи се појавија неточни тврдења дека вакцината против Ковид-19 на Фајзер/БиоНтек би можела да предизвика неплодност кај мажите или да го нападне плодот.
– Не постои таков биолошки механизам што би ја направила вакцината опасна по плодноста, изјави професорката Луси Чапел од Кралскиот колеџ во Лондон.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кинески научници: Ковид-19 ја намалува плодноста кај мажите, закана за уништување на човештвото
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.