еМагазин
Свет

Вакцинираните без проблем можат да летуваат во Шпанија

Шпанија ги отвора од денеска своите граници за патниците вакцинирани против коронавирусот, кои доаѓаат од ЕУ, трети земји или земји поврзани со Шенген, во обид да го оживеат својот туристички сектор.

Патниците што пристигнуваат во Шпанија треба да имаат потврда за вакцинација против Ковид-19. Од денеска ќе бидат дозволени крстарења од пристаништата.

Шпанската министерка за здравство Каролина Дарија изјави дека Шпанија е во процес на враќање на своето глобално лидерство во туризмот и дека е безбедна дестинација.

Претходно, Шпанија дозволи влез на европски посетители кои имале негативен ПЦР тест во претходните 72 часа, но од денеска тие посетители можат да направат поевтин антиген-тест.

МИА/Фото: Photo by Enes on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во текот на 2018 година, 95 новинари го загубија животот на задача

Редакција

Вознемирувачки снимки од убиство на цивили во Украина

Редакција

Истражување: Ковид-19 преживува на ткаенини до три дена

Редакција