еМагазин
Image default
Интервју

Вангеловски: Македонскиот осигурителен пазар има потенцијал за раст, но неопходна е едукација и зголемување на економската моќ на населението и компаниите

Македонскиот осигурителен пазар има значителен потенцијал за раст, но неопходна е едукација и зголемување на економската моќ на населението и компаниите за да може да се искористи, вели Гоце Вангеловски, генерален директор на Кроација осигурување – друштво за неживотно осигурување Скопје.

Кон крајот на минататa година започнавте соработка со Стопанска Банка АД Скопје и продажба на вашите осигурителни полиси преку нивната мрежа на експозитури. Што значи ваквата синергија на банкарските и осигурителните услуги за развојот на осигурителниот пазар и корисниците. Колку сте задоволни од досегашните резултати?

На глобално ниво осигурувањето веќе е нераздвојно поврзано со класичните банкарски производи, а ние со помош на Стопанска Банка АД Скопје го интегрираме овој светски тренд на македонскиот пазар. Имајќи предвид дека осигурителните и банкарските производи тесно се надополнуваат, ја инициравме соработката со Стопанска Банка АД Скопје во интерес на корисниците, овозможувајќи им на едно место да добијат многу повеќе.

Преку овој модел на соработка, корисниците, освен што ќе може да добијат банкарски производи со вклучено осигурување, преку мрежата на банката ќе можат да купат осигурителни полиси на Кроација осигурување и тоа: имотно/домаќинско и патничко осигурување со повластени цени, автоодговорност, зелен картон, КАСКО, осигурување од незгода и слично.

Ова треба да придонесе кон доближување на осигурувањето до што поголем број на корисници, што секако е во интерес на развој на осигурителниот пазар.

Токму во насока на приближување кон глобалните трендови и зголемување на достапноста на осигурувањето, минатата година започнавме и со он-лајн продажба на одредени осигурителни полиси преку платформата Моја Кроација.

Сите овие потези водат кон олеснување на процесот на купување одредена осигурителна полиса – тоа може да го направите од дома, со вашиот телефон или пак додека сте во банка. Ни претставува задоволство што корисниците ги препознаваат овие нови начини на обезбедување осигурување и претставува мотив за понатамошна работа во ова поле.

Како ја оценувате моменталната клима на осигурителниот пазар во нашата земја?

Во 2018 година осигурителниот пазар во нашата земја забележа раст во повеќе сегменти, што секако е добра вест. Но, останува фактот дека сѐ уште е големо нивото на неискористен потенцијал во осигурителниот сектор. Имено, во структурата на бруто полисираната премија сè уште доминира автодоговорноста како задолжителна класа на осигурување, како и каското и имотното осигурување поврзани со обезбедувањето на кредити.

Нивото на свесност за потребата и придобивките од осигурвањето меѓу македонските граѓани сè уште не е на потребното ниво кое треба да ја гарантира финасиската стабилност на домашните осигурителни компании. Мнозинството македонски граѓани сè уште на осигурувањето гледаат како на трошок, а не како на инвестиција во сопстевената сигурност.

Ова бара заеднички напор од сите чинители на осигурителниот пазар, и на компаниите и на регулаторните тела, во сегментот на едукација на корисниците и секако продолжување на активностите за зголемување на досапноста на осигурувањето, како што е нашата соработка со Стопанска Банка АД Скопје и он-лајн платформата Моја Кроација.

Треба да се работи на иновативни пакетирања на осигурителните производи, како и на враќање на довербата генерално во осигурителните компании која поради одредени случувања во минатото била нарушена, а „багажот“ го носиме сите денеска. Верувам во капацитетите на сите чинители на домашниот осигурителен пазар да се соочат со сите предизвици што ќе придонесе за одржлив раст на пазарот на долг рок.

Допололнително, очекувам дека подобрувањето на вкупниот деловен амбиент во земјата, како резулат на политичката стабилизација и динамизирањето на евроатланските процеси, ќе влијаат позитивно на растот на домашниот осигурителен пазар.

Се разбира, за да се искористи потенцијалот за раст, неопходно е да се случи поголем и континуиран економски раст на земјата којшто ќе ја зголеми економската моќ на граѓаните и на бизнис секторот. Едноставно, во услови на ниска платежна моќ, вложувањето во осигурување не е меѓу врвните приоритети на граѓаните.

Европските перспективи стануваат поизвесни за нашата земја. Што значи ова за домашниот осигурителен пазар, очекувате ли промени во законската реглатива во насока на усогласување со европското законодавство и што може тоа да донесе?

– Секако, како земја кандидат за членство во Европската Унија имаме обврска за усогласување на домашното законодавство со европското, вклучително и во сегментот на осигурувањето. Се разбира, тоа треба да се прави постепено, паралелно со динамиката на процесите поврзани со евро интеграциите.

Постојат голем број примери на Балканот каде пребрзото усвојување на европските закони му штети, не само на осигурителниот пазар, туку и на стабилноста на целата економија во државата. Овој процес треба да се одвива и во постојана соработка со осигурителните компании и независни експерти.

Во спротивно, може да се случи негативен домино ефект со кој ќе се предизвика значителна штета врз економијата и индустријата. Во овој сегмент, нам, како дел од групацијата Croacija Osiguranje од Хрватска, на располагање ни се искуствата од работењето на пазарот на ЕУ, кои можеме да ги пренесеме и споделиме со надлежните домашни институции.

Секако, на долг рок, овој процес треба да донесе до окрупнување на пазарот, поголема финансиска стабилност на компаниите, што е дополнителна гаранција за сигурноста на корисниците, но и можност компаниите повеќе да инвестираат во развојот на своето портфлио и во понудата кон корисниците.

Што може да очекуваме од  Кроација Осигурување – неживот во иднина?

– Нашата стратегија за раст се темели на два клучни сегменти: збогатување на понудата и зголемување на достапноста на понудата до што поголем број корисници. Во сегментот на понудата, голем потенцијал за развој гледаме во неколку осигурителни продукти, меѓу кои секако се: доброволното здравствено осигурување, осигурувањето на кредити, осигурувањето од финансиски загуби и побарувања на компаниите, како и за осигурување од ризици од природни катастрофи и климатски промени.

Во процесот на креирање на нашите понуди ги следиме светските индустриски трендови и паралелно се трудиме да го олесниме пристапот на корисниците до нашите производи, односно да им понудиме повеќе нови канали на продажба и комуникација со нив. Ваквиот приод го применивме и при креирање на нашата он-лајн платформа moja.croatia.mk, која на корисниците им овозможува на брз, еднoставен и безбеден начин, преку интернет или паметен мобилен уред, да купат нова полиса или да ја обноват постојната полиса за осигурување.

После една година од лансирањето на оваа платформа, искуствата се позитивни, што нѐ наведува на заклучок дека во овој сегмент ќе бидат насочени уште поголеми вложувања кои треба да донесат дополнители придобивки за корисниците. Ќе работиме и на дополнителна интеграција на осигурителните производи со банкарските и промоција на банкарските канали за продажба на осигурување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прескер: Македонците се добредојдени во Словенија, децениската соработка е доказ за тоа

Редакција

Режисерот на хит-серијата „Беса“, Стоименов: Балканот е неисцрпен извор на инспирација за уметниците

Редакција

Во САД се испитува вакцина со трајна заштита против Ковид-19, открива доктор Пеева, Македонка која работи во Фајзер

Редакција