еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вашингтон убеден дека Софија и Скопје ќе најдат решение, не се размислува за санкции против Бугарија

САД силно го поддржуваат пристапувањето на Северна Македонија и Албанија во Европската Унија и веруваат дека тоа ќе биде од корист за сите земји во регионот. Ова се наведува во соопштението на портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, дистрибуирано од Амбасадата на САД во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден не размислува за санкции против бугарската Влада и е убедена дека владите на Северна Македонија и Бугарија започнале конструктивен дијалог кој ќе помогне навремено да се решат нивните разлики.

– Го цениме силниот интерес на американскиот Конгрес за ова прашање и ќе продолжиме да одржуваме тесна координација со Конгресот за ова прашање, се вели во соопштението на Прајс објавено од американската мисија во Бугарија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Демократско движење, Беса и Алтернатива заедно на избори, формираа коалиција „Европски сојуз за промени“

Редакција

Сеад Кочан треба да се јави во затвор за „Труст“ на 17 јули

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во септември

Редакција