еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Васил Гарванлиев останува македонски преставник за Евросонг, одлучи МРТ

Комисијата за утврдување одговорност во ЈРП Македонска радио телевизија на 19 март одржала состанок по реакциите на јавноста предизвикани пред сè од видео-спотот на годинешниот македонски претставник за Избор на песна на Евровизија како и изјавите на претставникот Васил Гарванлиев.

Притоа, било утврдено дека МРТ во целост ги испочитувала и интерните постапки и процедурите при апликацијата во ЕБУ, информираат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради Васил Гарванлиев, македонскиот амбасадор во Софија повикан во бугарското МНР

Одлуката за избор на Васил Гарванлиев за македонски претставник на Евросонг 2020 била по пат на интерна селекција, според моделот еден претставник/една песна, како резултат на препораките и сугестиите од дебатата организирана од МРТ, на која учествувале композитори, пејачи, новинари, автори, итн, велат од МРТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 20 илјади граѓани ја потпишале петицијата Гарванлиев да не ја преставува Македонија на Евровизија

Бил упатен Јавен повик до авторите од земјава и од странство, на кој од пристигнатите понуди се избрала песната со која Гарванлиев бил одреден за претставник на Евросонг 2020 во Ротердам.

Поради прогласената пандемија од Ковид-19, Евросонг 2020 беше откажан од страна на организаторот ЕБУ, посочуваат од МРТ.

„По Програмскиот интерес за учество и оваа година, МРТ повторно аплицирала, избирајќи го истиот пејач за свој претставник на Евросонг 2021, по примерот на 24 земји-учеснички коишто исто така се определиле да ги испратат истите претставници.

Заради континуитет во работата, истата работна група била задолжена да упати нов Јавен повик до авторите од земјата и од странство.

Од пристигнатите песни, музички новинари од МРТ и самиот пејач се усогласиле дека песната „Here I stand” би била најсоодветен избор за композиција којашто ќе ја претставува МРТ на Евросонг 2021,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Кој е Васил Гарванлиев, македонскиот преставник за Евровизија кој ја разбранува јавноста

Во јавноста се крена врева, поради два кадра на спотот коишто беа протолкувани како спорни.

„Според извештајот на работната група, станува збор за поинаква перцепција, поради која уметничкото дело на Жанета Вангели коешто се наоѓало во тие два кадра, предизвикало асоцијација на знаме на туѓа држава.

По реакциите од јавноста, спотот бил повлечен и преработен. Во врска со вториот контроверзен момент, изјавите на Гарванлиев дека имал двојно државјанство, работната група посочува дека станува збор за дел од интервју дадено пред повеќе од една година коешто сега добило публицитет.

Согласно со правилата на ЕБУ – Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство. Праксата покажала дека речиси на секој Евросонг има такви случаи,“ велат од МРТ.

Од таму додаваат дека евентуалното откажување од настап на Евросонг би предизвикало финансиски и други импликации по МРТ и драстично би го нарушило угледот и на Јавниот сервис и на државата во меѓународни рамки.

„Сепак, имајќи го предвид сево ова, а особено поларизираноста во нашето општество, Комисијата предлага за во иднина сериозно да се преиспита учеството на Јавниот сервис на меѓународни културни манифестации,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Денот на независноста на Косово, албанската опозиција во Македонија потпиша декларација за обединување

Редакција

Што знаеме за „кракен“, новата варијанта на коронавирусот, која ни се заканува

Редакција

Македонија2025 предлага план за забрзан економски раст и нуди поддршка за неговото спроведување

Редакција