еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Трајко Вељаноски: Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот

Собранието е институција, а пратениците се народни претставници кои ќе ја донесат одлуката и ќе ја спроведат волјата на граѓаните и порачувам да не потклекнат на каков било притисок, затоа што решаваме децениски спор за да ja извлечеме земјата од изолација, рече премиерот Зоран Заев за време на обраќањето на Комисијата за уставни прашања, каде што го образложува предлогот за уставни измени, пренесува Мета.

– Време е сите заедно да ја однесеме Македонија напред, пратениците имаат историска должност да го обезбедат патот на граѓаните кон стабилност, безбедност, економски развој, односно кон ЕУ и НАТО. Повикувам на обединување кон важните државни приоритети – рече Заев.

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски рече дека ниту една пратеничка група и опозициска партија не биле поканети да дадат придонес во преговорите за решавање на спорот за името.

– Немате двотретинско мнозинство за промена на Уставот. Тесен круг на политичари реши дека имаат мандат, визија и знаење дека може да го решат ова национално прашање и со тоа да ги извисат граѓаните. Се создава чувство дека решението е туѓо и наметнато и дека не извира од македонските инетереси, а Собранието и пратениците се доведени пред свршен чин. Јас како пратеник изјавувам дека немам намера да гласам против волјата на мнозинството на граѓани кои одлучија да се спротивстават на овој Договор со бојкотирање на референдумот – рече Вељаноски.

Мета/Фото: Фејсбук/Вељаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Максимални казни затвор за Мијалков и обвинетите во „Таргет-Тврдина“ побара Обвинителството во завршниот збор

Редакција

(ВИДЕО) Со социјална дистанца: Грците не се откажаа од првомајските протести

Редакција

Во Атина за гласање за референдумот се пријавиле 15 Македонци, во Солун нема гласање поради неостварената квота

Редакција