еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Веб-страната за пријавување за вакцинација ќе биде достапна од следната недела

Следната недела очекуваме да ја објавиме веб-страната што ќе биде од информативна природа и ќе го содржи делот за пријава, односно за изразување на интерес за вакцинација, информираше денеска на прес-конференција Жаклина Чагаровска од „Мој Термин“.

Таа објасни дека кога веб-страната ќе биде достапна, пријавувањата можат да започнат веднаш.

Пријавувањето ќе се одвива на начин на кој со внесување на личните податоци, граѓаните ќе се идентификуваат и ќе добијат одговoр на електронската пошта што ќе ја остават дека е примена нивната пријава и можат да очекуваат повик од матичен лекар за терминот кога ќе биде закажана вакцинацијата, соодветно групата во која спаѓаат, дефинирана во Националниот план за имунизација.

„Апелот е всушност за првата група граѓани, над 70 години кои со пријавување и анкетирање од страна на матичните лекари, но и на веб-страната ќе дадат подобра и поточна информација за да може да се планира и другиот дел од системот, бидејќи зборуваме за интегриран систем каде што ќе се следи цело време евиденцијата на вакцинацијата, количините кои се трошат, пријавувањето на пациентите.

Кога ќе завршиме со првата критична група, односно возрасни лица над 70 години да започнеме веднаш со анкетирање на втората група, оние од 65 до 70 години“, додаде Чагаровска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство во понеделник ќе го потпише договорот за набавка на 200.000 вакцини за Ковид-19 од Кина

Претставен планот за вакцинација против Ковид-19: Дневно до 2.500 лица, приоритет ќе имаат здравствените работници

Филипче: Би се вакцинирал со која било вакцина што прва ќе пристигне

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дирекцијата за заштита и спасување вработува етнички Албанци во Кратово, Радовиш и Делчево

Редакција

Продолжува судењето за смртта на малата Тамара

Редакција

Собранието усвои три од законите за кои Иванов не ги потпиша указите

Редакција