еМагазин
Image default
Бизнис

Велешки Димко Митрев со намалена добивка во првото полугодие

Во првото полугодие Димко Митрев АД Велес оствари нето добивка од 58 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година е помала за 32%, информираат од таму преку Македонската берза.

-Имено во пресметковниот период е остварен вкупен приход од 112.675 илјади денари и во однос на вкупниот приход во 2022 година е помала за 35%. По структурата на застапеност во вкупните приходи нај големо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 94%, приходите од домашен пазар со 2% и други приходи со 4%.

Во остварените вкупни приходи најголем дел се остварени приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз кој редовно се наплаќаат.

Во периодот од 01.01. до 30.06.2023 година вкупните расходи изнесуваат 113.484 илјади денари и во однос на вкупните расходи во 2022 година се помалени за 35%. По структурата на застапеност во вкупните расходи најголемо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали и изнесуваат 79.387 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се помалени за 16%.

Трошоците за бруто плата на вработените изнесуваат 60.196 илјади денари и во однос на истиот период во 2022 година се помали за 4% и истите редовно се исплаќаат. Во пресметковниот период од 01.01. до 30.06.2023 година вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 40.028 илјади денари и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 20.168 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешки Димко Митрев ќе дели дивиденда од 10,60 денари бруто по акција

Велешки Димко Митрев лани со намалена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната нето-плата во мај 41.252 денари

Редакција

Исплатата на пензиите од 30 јануари

Редакција

Еуромакс Ресоурцес: Најавената одлука за повлекување на донесената одлука за спојување на концесиите би бил преседан кој воведува правна несигурност кај инвеститорите и недоверба во владеењето на правото

Редакција