Од првите стрипови, научно фантастични телевизиски серии, филмови и книги луѓето зборуваат за Вештачката интелигенција. Таа е столбот на нашата имагинација за тоа што ќе ни донесе иднината. Кога таа е на нашиот праг ние се мислиме, со нашето око на клучалката, дали да ја отвориме вратата. Иднината е тука, и ВИ е тука со неа.
Компаниите како Мајкрософт се на маргините на развојот поставувајќи си ги тешките прашања за тоа колку ВИ (Вештачка интелигенција) може да е добра за нас.
Развојот на машините и алатките е клучна точка во нашата историја која ни ја дава моќта да сме над животните, помагајќи ни да се развиеме и успееме во создавањето на модерно општество кое исполнува сѐ повеќе и повеќе од нашите потреби.
Од парната машина до процесорот, луѓето ги развивале некои работи само за да се олеснат некои работи во животот. Мајкрософт со софтвер како Кортана ни покажува колку е развиена Вештачката интелигенција.
Како ВИ (Вештачка интелигенција) ни помага да ја организираме нашата агенда, пронајдеме информации, и многу повеќе.
ВИ (Вештачка интелигенција) не е нов поим во светот, најмалку за Мајкрософт. Визија на Бил Гејтс за компјутерите се развива од пред 25 години кога тој замислил свет каде компјутерите може да гледаат, слушаат, разбираат и рационализираат како нас, луѓето.
Од раѓањето на Мајкрософт Истражување во раните 90-ти, компанијата е пионер во иновации за компјутерска визија, разбирање на говор, природно процесирање на јазикот и учење на машините со цел да развие сустеми кои ќе ги предвидат потребите, отколку само да реагираат на команди.
За Мајкрософт, ВИ (Вештачка интелигенција) игра клучна улога во нивната мисија да и даде моќ секоја личност и организација да постигне што е можно повеќе. За да го оствари ова, Мајкрософт ја вметнува интелигенцијата во сите продукти и услуги за да ги зголеми можностите на индивидуите и организациите правејќи ги поефективни.
Мајкрософт чекори полека во дизајнот на Вештачката интелигенција. Идејата е да се надградат човековите моќи и способности во секој аспект од животот, додека луѓето се тие кои се во контрола. Овој пристап го зголемува човечкиот капацитет да гледа, слуша, анализира, размислува и делува во светот.
Мајкрософт е една од најголемите компании во развојот на ВИ (Вештачка интелигенција) затоа што тие ги имаат алатките да постигнат повеќе отколку што можеме да замислиме. Чекор по чекор, тие работат кон тоа да го променат светот кон подобро. Нешто што успеаја да го направат со олеснувањето на користењето на компјутерите. Со тоа тие го трансформираа начинот на кој луѓето работат и живеат.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА