еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Арсовска: Не поседувам бугарско државјанство и никогаш не сум го носела името Даниела

На денешната прес-конференција на независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, подржана од ВМРО-ДПМНЕ, во однос на наводите дека е бугарски државјанин, истакна дека во целост ги негира таквите тврдења.

„Јас во целост ги негирав овие наводи и морам да кажам дека не само скопјани, туку и цела Македонија знае и верува дека луѓето кои што ги продадоа македонските национални интереси сега два дена пред изборите излегуваат со наводи кои што јас не можам низ постапка да ги докажам и тоа го прават зошто, затоа што јас не бев ниту човекот, ниту жената која што ги тераше да дадат изјава дека доколку го изгубат Скопје ќе ги изгубат и своите политички кариери и функции„, рече Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+Фото) СДСМ објави лична карта на Даниела Арсовска од Петрич

За Арсовска, ваквите обвинувања, како што кажа таа, се само уште еден чекор на покажување и демонстрирање нечија слабост, затоа што таа е свесна, а според неа свесни се сите дека за работите кои што беа изнесени од страна на СДСМ во изминатите неколку денови, нема да може во толку краток рок да докаже и да покаже дека безумно лажат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Арсовска е државјанин на Бугарија, за кмет може да се кандидира во Бугарија

На прашањето дали кандидатката за градоначалник некогаш го носела името Даниела, Арсовска демантираше.

„Не никогаш името Даниела не сум го носела, јас сум родена Данела Јовановска, а повеќе од 20 години сум Арсовска. Данела Арсовска името е по мојот дедо Дане којшто е Македонец.

Родена сум скопјанка, живеам целиот свој живот во Скопје, имам тука семејство, кое што безумно го напаѓаат почнувајќи од моите родители, почнувајќи од мојот син, мојот сопруг и верувам дека скопјани ова безумие сега што се случува и овој личен напад што го доживувам од луѓето кои што пет години ме викале да им давам економски совети и совети за економски мерки и седеле со мене на маса сега да кажуваат дека е антидржавен елемент, многу добро знаат луѓето и во Македонија и во Скопје дека сето тоа не е вистина.

Треба да се срамат од тоа што го прават и јас веќе пуштив една тужба и се останато исто така, меѓутоа овојпат нема да биде без надомест, сега тужбата ќе оди со надомест, и има сите средства што ќе ги земам од сите овие безумни лаги од овие изминати неколку дена да ги донирам и тоа не на политичка партија како што лажат, затоа што никогаш во својот живот ниту сум била член на политичка партија, ниту сум донирала на политичка партија ниту сум направила нешто погрешно“, рече Арсовска.

Фото: ССК/Видео: Арсовска/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јаулески, за чиј татко Финансиската полиција води предистражна постапка

Редакција

18 од 73. пратеници кои за патни трошоци наплатиле 360.000 евра имаат станови во Скопје

Редакција

Се слави Националниот ден на Власите: Народот кој ја ткаеше македонската историја

Редакција